x

10 години Android: Kако и зошто беше создаден популарниот оперативен систем?

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 30 Септември, 2018 од GSM.mk

Android го промени светот на мобилната телефонија. Од неговото создавање до сега, поминаа 10 години. Kако и зошто беше создаден популарниот оперативен систем?

The Verge објави исечоци од интервју со Ерик Шмит, направено во време кога Android веќе ги имаше направено првите чекори и кога неговата иднина веќе беше извесна, а пазарниот успех сè позначаен.

„Нашата идеја беше да направиме нешто што ќе им биде достапно на сите, што корисниците ќе го ценат, што може да биде голема платформа и да расте брзо. Во тоа време бевме загрижени поради мобилната верзија на оперативниот систем на Microsoft и нивната мобилна стратегија која се чинеше дека ќе биде исклучително успешна, бидејќи сè укажуваше кон тоа. Вистината е дека бевме загрижени и поради Nokia, чиј Symbian почна да се трансформира и беше примарен оперативен систем на телефоните”, изјави тогаш Шмит.

HTC G1 e првиот Android уред

Android за прв пат и беше покажан на јавноста на 23 септември 2008 година, а првиот Android уред се појави еден месец подоцна, кон крајот на октомври. Тоа беше HTC G1.

Денес, Android е доминантен на пазарот, со околу 80% пазарен удел.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.