x

10 Google финти за подобро пребарување

Категорија: Совети Објавено на 06 Декември, 2016 од GSM.mk

Google го користиме секојдневно за пребарувања, но уште не ги знаеме сите негови можности. Бидејќи резултатите од пребарувањата можат да бидат уште подобри, еве листа на трикчиња кои ќе го променат начинот на кој пребаруваме.

Користете наводници

Доколку барате одреден поим, не би било лошо да го ставите во наводници. На овој начин, Google ќе ги пребара само страниците со тој поим или некоја специфична фраза.

Користете ѕвездичка во наводници

Барате некоја песна, а не можете да се сетите на сите зборови? Ставете сè што знаете во наводници, а зборовите кои не ги знаете заменете ги со ѕвездичка.

Со помош на минус елиминирајте го тоа што не ви треба

Доколку барате некои поим со кој се поврзуваат многу резултати од пребарувања кои не ви се интересни, тогаш со зборовите кои не сакате да ги видите ставете минус. На пример, доколку барате нешто за јагуарот како животно, можете да ги елиминирате резултатите поврзани за јагуар како автомобил (јагуар -автомобил).

Барајте веб страници по клучен збор

Доколку сакате Google да ви даде резултати кои се на пример исклучиво содржини од Кајгана, во пребарувачот пишете "google site:kajgana.com”. 

Можете да читате и вести од 19-тиот век

Google News има опција за пребарувања на повеќе од 100 години стари вести од архиви ширум светот.

Споредувајте храна користејќи го поимот “vs”

Доколку сакате да споредите на пример ориз и месо, пишете “rice vs. meat”.

Подобрете го пребарувањето со филтри

Доколку сакате да најдете рецепт за омиленото јадење, во опциите за напредно пребарување може да ги филтрирате резултатите според состојките, времето за готвење и бројот на калориите.

Користете “define” за да го откриете значењето на зборовите

Ако ви треба објаснување на значењето на некој збор на англиски, доволно е да се впише тој збор и пред него да пишете define.

Свртете го или навалете го екранот

Во пребарувачот пишете tilt и видете што се случува.

Заиграјте ја Atari Breakout

За легендарната игра доволно е да го напишете нејзиното име во пребарувањето за фотографии и тоа е тоа - играта може да започне.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.