x

10 работи кои никогаш не треба да ги објавувате на социјалните мрежи

Категорија: Совети Објавено на 11 Јули, 2018 од GSM.mk

Социјалните мрежи почнаа да даваат реална слика за нашиот живот. Објавуваме слики од летување, храна, со кого сме во врска и слични интимни детали.

Дури 70 отсто од работодавците ги прегледуваат личните профили на потенцијалните кандидати за работа во нивните компании, а сигурно не би сакале вашиот иден шеф да види како изгледате кога сте пијани или да прочита како јавно го оцрнувате поранешниот газда.

Поради тоа овие десет работи никако не треба да ги објавувате на социјалните мрежи:

1. Податоци за работа, колеги и претпоставени лица

Поради наведените причини, задржете го мислењето за работата за себе. Никогаш не знаете на кој начин вашите колеги или претпоставени можат да го дознаат тоа, па дури и да имате приватен профил со само неколку десетици пријатели. Споделете ги вашите искуства во живо, со луѓе кои ви се од доверба.

2. Работи поврзани со вашиот љубовен живот

Колку и да сте лути во момент на кавга со дечко или девојка, оставете ја технологијата на страна и длабоко вдишете. Сигурно ќе се покаете ако вашиот бес го прикажете преку статус на Facebook, а покрај тоа, ќе оставите и лош впечаток кај луѓето кои тоа ќе го прочитаат. Внимавајте и на тоа што објавувате поврзано за некои компании, бидејќи и тоа може да биде лошо по вас.

3. Податоци од документи и картички

Колку и ова да ви се чини како очигледна табу тема за социјалните мрежи, многу корисници веруваат во „безбедноста“ на овие мрежи, па безгрижно споделуваат лични податоци, поради кои лесно можете да станете мета на крадци.

4. Адреса и локација на која се наоѓате

Никогаш немојте да ја означувате локацијата на својот дом и да нагласите дека сте дома. Исто така, ако посакате да се означите дека сте во некој ресторан, ноќен клуб или кино, почекајте и направете го тоа дури откако ќе го напуштите тоа место. Ова се едни од најчестите причини за кражби и напади.

5. Планови за годишен одмор

Поради истите причини како и во претходната точка, никогаш не би требало да ја објавувате точната локација на која го поминувате или планирате да го поминете вашиот годишен одмор.

6. Дневен ред и распоред

Никој не треба да ја знае секоја точка во вашиот распоред, тоа е ваша интима. Бидете внимателни со кого ги споделувате овие информации.

7. Срамни работи за вас

Можеби мислите дека ќе бидете духовити ако се пошегувате на своја сметка, меѓутоа тој потег ќе ви донесе повеќе штета од корист. Задржете си го своето достоинство и изградете добра слика за себе, хуморот можете да го прикажете на многу други начини.

8. Податоци за вашите деца

Поради истите причини зошто не треба да споделувате лични податоци, не би требало тоа да го правите ниту со личните податоци на вашите деца. За жал, педофилијата не е непознат поим, а на социјалните мрежи опасноста од такво нешто е многу поголема во однос на кое било друго место. Сликите и информациите поврзани за вашите деца оставете ги за фотоалбум и домашна архива.

9. Нешто што може да ја издаде вашата лозинка

Најдобро би било вашата лозинка да биде комплицирана што е можно повеќе и во никој случај да не објавувате делови од неа на социјалните мрежи.

10. Резултати од квизови и онлајн игри

Ова се едноставно работи кои никој повеќе го интересираат, па нема никаква потреба со тоа да го оптоварувате вашиот профил на социјалните мрежи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.