x

10.5 инчниот iPad Pro доаѓа во јуни!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 22 Мај, 2017 од GSM.mk

Долгоочекуваниот 10.5 инчен iPad Pro ќе биде претставен во јуни!

Според Digitimes, масовното производство на 10.5 инчниот iPad Pro започнало во март или април, со 500 000 едини во месец.Сега, таа бројка ќе биде зголемена на 600 000 до јули.

Логичната причина за неговото масовно производство, нормално, е дека наскоро ќе се појави на пазарот. Истотака, аналитичарите сметаат дека продажбата на новиот iPad Pro ќе надмине 5 милиони единици до крајот на годината.

10.5 инчниот iPad Pro нема да биде само поголема верзија од сегашниот модел. Новиот таблет ќе биде снабден со A10X, тенки рамки и Tоuch ID.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.