x

20 години „Кантер“: Кој гејмал, знае

Категорија: Забава Објавено на 13 Ноември, 2020 од GSM.mk

Поминаа 20 години од објавувањето на првата видеоигра Counter Strike. Оваа франшиза, преку разни изданија, го дефинираше жанрот.

Интересно е што CS не беше создаден веднаш како самостојна игра, туку беше создаден како мод за Half-Life. Нејзини креатори се Мин Ли и Џес Клиф, кои вложија многу време да создадат класична борба меѓу терористите и контратерористите од авантурата на Valve.

Counter Strike привлече големо внимание како мод бидејќи стана најиграната мултиплеер видеоигра во бета фаза. Тоа секако го привлече вниманието на самиот Valve. Затоа во 2000 година се појави во две верзии - и како целосен режим за Half-Life, и како самостојна видеоигра.

Таа верзија беше дури и побогата од претходните бета фази, со нови мапи, оружје и слични додатоци.

Секако, сите повеќе се сеќаваме на познатиот CS 1.6, кој сè уште е исклучително активен и има огромен број на играчи, особено во регионот. По култниот „кантер“, стигна Source, а уште е актуелен CS:GO, кој излезе во 2012 година.

Интересно е што сржта на играта не е значително променета од оригиналната видео игра. Милиони играчи сè уште се натпреваруваат на мапите облечени во ново одело, со практично непроменети режими како вадење заложници, спречување на детонација на бомби и слично.

Кое е вашето омилено сеќавање од оваа франшиза? Дали сè уште играте „кантер“? Пишете ни во коментарите.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.