x

2020 iPhone SE2 конечно доаѓа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Октомври, 2019 од GSM.mk

Дали следната година конечно ќе се запознаеме со следбеникот на популарниот iPhone SE?

Според гласините, следбеникот на iPhone SE ќе има 4.7 инчен LCD панел со резолуција од 1334 x 750 пиксели, придружен од подебели рамки на горниот и долниот дел. Истотака, ќе има физичко Home копче и Touch ID технологија. 

Од повозбудливи спецификации, најверојатно ќе биде присутно безжично полнење, како и новиот Apple A13 Bionic кој се наоѓа во iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max. Процесорот ќе биде придружен од најмалку 3GB RAM. 

Аналитичарот Kuo смета дека Apple ќе продаде околу 40 милиони iPhone SE 2 единици во 2020 година. Просечно, компанијата продаваше 4.48 милиони iPhone XR уреди месечно од јануари до јуни оваа година, додека од iPhone 8 околу 1.7 милиони. Во споредба, од iPhone SE 2 се очекува продажба од 3.3 милиони месечно. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.