x

3 брзи и лесни совети кои ќе ја подобрат батеријата на вашиот iPhone X

Категорија: Совети Објавено на 25 Ноември, 2017 од GSM.mk

Иако не може да ја замените батеријата на iPhone X за некоја друга со поголем капаците, за среќа може да контролирате како ќе ја полните и како ќе ја искористувате..


1. Сменете ја позадината

Еден начин на кој може да заштедите дел од батеријата е доколку имате темна слика како вашата позадина. Користејќи го ваквиот совет, анализите покажуваат дека се заштедува дури до 20% батерија. Иако целосно црна позадина може да ви биде досадна, за среќа може да користите поинтересни слики, кои доаѓаат само со потемни бои.

2. Користете "dark mode" во апликациите што го имаат

iOS интерфејсот е светол и полн со бои. Сепак, апликациите може да ја следат секоја шема на бои која е вградена од нивните програмери. Вакви апликации се Spotify, или самата Clock апликација на Apple. Други апликации ви даваат потемен интерфејс по избор. Twitter, Wikipedia, Reddit и уште многу други нудат т.н Night Mode.

Twitter for iOS is an example of an app with Night Mode built in

3. Користете го скриениот "dark mode" на iOS

Самиот iOS нуди опција каде целиот интерфејс може да го смените во темни бои. Ваквата опција е наречена Smart Invert и се наоѓа во Settings менито, Accessibility > Display.

Smart Invert mode in iOS inverts colors of UI elements, but leaves pictures and videos intact

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.