x

3 најскапи верзии на Apple Watch!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 05 Јуни, 2016 од GSM.mk

Мислевте дека почетната цена од 349 долари е скапа? Или пак, цената од 10,000 долари за Apple Watch изданието е претерана? Време е да се запознаете со моделите за вистинските богаташи...

Apple Watch Tempo од Legend, Helsinki

Ова се случува кога паметниот часовник на Apple ќе падне во рацете на Legend. Секој модел се произведува над 30 часа, рамката е од крокодилска кожа, надополнета со дијаманти и безжичен полнач од 24 карати. Цената не е прикажана, иако веруваме дека е во рангот од 20,000 до 50,000 долари.

Brikk Lux Watch

Веќе влегуваме во територијата над 100,000 долари. Оваа верзија на часовникот се движи помеѓу 49,000 до 115,000 долари, а е изработена од 18 каратно злато, платина и rose gold, како и дијаманти од 11,30 карати.

Луксузни Apple Watch дизајни од GoldGenie

И конечно стигнавме до најскапите верзии - Apple Watch Diamond Ecstasy, која чини 170,000 долари уште пред да се додаде данокот. часовникот е изработен од 18 каратно злато, или по ваш избор платина, а е надополнет со дијаманти.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.