x

35 проценти од корисниците повеќе сакаат целосно полна батерија од пари!

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Септември, 2019 од GSM.mk

Samsung сподели интересни резултати од спроведената анкета во врска со батерија и издржливоста на своите смартфони..

Главниот фокус беше особено кон една прилично нова функција која ја нуди S10 серијата т.н "reverse charging". Станува збор за опција која прв пат ја видовме кај Huawei Mate 20 Pro, а им овозможува на корисниците да го користат својот смартфон како полнач. На пример, сакате да ги полните вашите Samsung слушалки, се што треба е да го сместите смартфонот на маса со екранот надолу и маската за полнење на слушалките да ја ставите врз него. Функцијата е компатибилна и со други телефони и со паметни часовници.

Samsung Germany реши да направи кратка анкета со посебен фокус токму на оваа функција. Во анкетата учествуваа 6,500 лица, а 35% од нив изјавиле дека повеќе би сакале да имаат целосно полн смартфон, отколку да добијат пари. Додека само 14% би ја споделиле својата батерија со непознато лице, 39% би ја споделиле со колега, 62% би ја споделиле со пријател, а 72% со својата фамилија.

Според Samsung, луѓето кои ја делат својата батерија, всушност делат "интимен дел од себе". Истотака, компанијата е задоволна што 62% би купиле кафе за непознато лице во замена за дел од неговата батерија. Последно, и можеби најинтересно, 7% би отишле дури и на состанок со некој кој би "донирал" дел од својата батерија. Од друга страна, 72% не би ја делеле својата батерија на прв состанок. 

Samsung says those sharing their battery life through wireless PowerShare are sharing an intimate part of themselves - Samsung survey shows that reverse wireless charging is the new sex


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.