x

4 апликации со кои може да постигнете Portrait Mode како кај iPhone 7 Plus!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 20 Јануари, 2017 од GSM.mk

Секундарната камера на iPhone 7 Plus има интересни фукнции. За разлика од другите телефони со дуален систем, кај овој уред камерата се користи само при одредени прилики и при активирање на новиот Portrait Mode. Еве како може да добиете слични резултати.

1. AfterFocus


Ова е единствената апликација достапна за Android уредите. Но, за среќа, и една од најдобрите. Апликацијата има начин како автоматски да го детектира предметот кој го сликате, во што и не е толку добра. Можете да одберете кој дел од сликата сакате да биде главниот фокус, а кој да биде замаглен. За iOS е 1 долар, а за Android е бесплатна.

2.FabFocus


За разлика од другата апликација, оваа може подобро да го детектира предметот кој се слика и да го одвои од другиот дел од сликата. За жал, често се случува да не ја изврши својата функција, но има алатка со која сами може да ја завршите работата. Достапна е само за iOS и е 3 долари.

3. PortraitBlur


PortraitBlur истотака автоматски може да детектира предмет, но повторно не е доволно точна. Има алатки кои може да ви помогнат при суредувањето на фотката. Всушност, апликацијата е мешавина од FabFocus и AfterFocus и е бесплатна.

4. BigLens


Оваа апликација неможе автоматски да детектира објекти и работата мора да ја завршите сами. Има неколку алатки со кои може да се забавувате и да ги направите вашите слики поинтересни. Достапна е во AppStore за 1 долар.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.