x

4 правила за подолг живот на вашиот смартфон

Категорија: Совети Објавено на 30 Ноември, 2017 од GSM.mk

Кога ќе вложите многу пари во добар смартфон, сакате да се осигурате дека ќе го користите подолго време. За да го направите тоа, ќе мора да се придржувате кон неколку едноставни правила.

Доколку ги поставите овие неколку правила и се придржувате до нив, големи се шансите дека ќе го продолжите животниот век на вашиот нов смартфон.

Не ги одложувајте апдејтите

Секогаш кога ќе стигне некој нов апдејт, потрудете се да го симнете и инсталирате во најбрз можен рок. Спротивно на верувањата, апдејтите не ви „зафаќаат место“ туку тие го прават вашиот телефон побезбеден, содржат клучни измени за софтверот и ги средуваат баговите кои се наоѓаат во постарата верзија од софтверот.

Единственото сценарио во кое не би морале да направите апдејт е кога вашиот уред е постар од три години. Во тој случај, апдејтот може да направи повеќе штета отколку корист бидејќи уредот нема да може да ги поднесе софтверските апдејти, кои ќе ја забавуваат неговата работа.

Бидете внимателни со полнењето

Најчесто, батеријата е таа што прва „умира“ во модерните уреди. Но, со неколку измени на начинот на користење тоа може лесно да се спречи, или одложи.

Повеќето произведувачи на смартфони и таблети препорачуваат брзо, почесто полнење, наместо вообичаеното оставање на телефонот да се испразни до крај, па оставање цела ноќ на полнач. Исто така, избегнувајте да го оставате телефонот на многу топло или многу ладно, бидејќи тоа предизвикува ширење и собирање на батеријата, што го забрзува процесот на трошење на нејзиниот животен век.

Зачувајте простор во меморијата, колку што можете повеќе

Недостатокот на место во меморијата на вашиот уред ќе предизвика тој да се збуни и да ги пренесува податоците од едно на друго место, со цел да најде слободен простор каде ќе може да ги складира новите податоци, а тоа може да доведе до неправилно работење на уредот.

Добра опција за ослободување на простор може да бидат Cloud системите како OneDrive, Dropbox, Google Drive и слично, кои овозможуваат чување на податоци на интернет, како полесно би го решиле проблемот со меморијата.

Чувајте го уредот чист и заштитен

За да го одржите вашиот уред чист, треба да му се посветите малку повеќе од едноставното забришување на екранот со ракав. Прашината и нечистотијата му влијаат на уредот многу полошо отколку што мислите.

Одберете футрола (по можност водоотпорна) која ќе го заштити уредот од нечистотии и случајно истурање на течности.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.