x

5 апликации кои ќе го подобрат вашето патување!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 07 Февруари, 2017 од GSM.mk

Без разлика дали сте на деловно патување или од задоволство, патувањето може да биде напорно. Сето организирање, резервации, пакување понекогаш одзема од забавата. Па, доколку сте во потрага по помош за планирање на вашето патување, дефинитивно не сте сами

               TripIt: Travel Organizer

Доколку нејќете да ги чувате вашите планови за патување во различни апликации и тетратки, дефинитивно треба да ја пробате оваа апликација. Triplt ви дозволува да ги организирате сите потребни информации во еден фолдер. Тука се вклучени летови, хотели, изнајмување на превозни средства и сето останато. Апликацијата е бесплатна и достапна за Android и iOS. 

                          TripAdvisor


Сигурно веќе сте слушнале за TripAdvisor. Без разлика дали патувате за задоволство или сте на деловно патување, ќе сакате да најдете хотел и место кое ќе ги исполни вашите барања и стандарди. Најдобриот дел од апликацијата е што можете да најдете рецензии за било какви хотели и места за преспивање кои се напишани од корисници. Што значи, треба да се делумно пореални од сликите и описите кои ги среќавате на официјалните страни и некогаш може да ве измамат. 

                          LiveTrekker

Доколку сакате да имате дневник од вашето пакување, а не сте баш расположени сами постојано да го пополнувате, оваа апликација го прави тоа за вас. LiveTrekker може да ги зачува локациите кои сте ги посетиле, фотографиите кои сте ги направиле и патиштата по кои сте оделе. Потоа, можете да ги споделите информациите со вашите најблиски или да ги чувате за себе како спомен.

                       XE Currency


Доколку често патувате, големи се шансите да се изгубите во сите парични валути низ светот. Оваа апликација ги пресметува сама за вас. Повеќе нема да мора да се грижите за грешки при пресметките :)

                           PackPoint

Да бидеме реални, секој од нас кога патувал барем еднаш заборавил нешто. Тоа нема да се случи доколку ја користите оваа апликација. PackPoint создава листа на работи кои ќе ви бидат потребни според локацијата на која патувате. Можете сами да додадете за кои активности сте заинтересирани, што највеќе сакате и апликацијата ќе го "среди вашиот куфер". 


Која ви изгледа како најкорисна? :)



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.