x

5 функции кои доаѓаат на Galaxy S7 камерата со Android Nougat 7.0!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 25 Јануари, 2017 од GSM.mk

Android 7.0 Nougat update-тот конечно излезе за Galaxy S7 и S7 edge. Покрај другите подобрувања, Samsung воведе нови функции особено за камерите на уредите..

1. Gesture-based navigation

Тренди функцијата која е белег на Google телефоните со Nougat го најде својот пат и до Samsung камерите. Лизгате нагоре за предна камера, надоле за задна, лево за останатите функции и десно за филтери и ефекти. 
2. Beauty mode for the main camera

Ефектот за разубавување отсега не е достапен само за предната камера. Постои beauty mode за задната камера, благодарение на кој лицата на групните фотки изгледаат почисто и посветло.
3. Dedicated selfie shooting modes menu

Од camera settings, може да го одберете новото "Ways to take pictures" мени. На овој начин можете да раководите со менито преку гласовни контроли. Можете да кажете “Smile”, “Cheese”, “Capture” или “Shoot” за да направите селфи. За да снимате видео треба само да кажете “Record video.”

4. Wide self-portrait with motion


Вашите групни селфиња сега може да бидат претворени во GIFs или кратки клипчиња за да се зачуваат неколку моменти пред и по фотографирање на селфито.
5. Overhauled, cleaner interface

Со стариот update си заминаа и не помалку од 12 непотребни функции од менито. Quick settings панелот е сега со само две најкористени опции, блиц и HDR.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.