x

5 најдобри фитнес апликации за iOS и Android!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Февруари, 2017 од GSM.mk

Апликациите каде можете да внесувате и да контролирате колку калории внесувате се од голема помош доколку сакате да намалите некое кило. Ви ги претставуваме петте апликации со кои најлесно можете да ги постигнете вашите фитнес цели:

       Calorie Counter by MyFitnessPal

Во Calorie Counter може секојдневно да внесувате што јадете, а апликацијата ќе ги запамти вашите омилени и најкористени оброци. Соработува со голем број познати компании како Apple Health, MapMyFitness, Runkeeper, Strava, и Runtastic. За полесно внесување, може само да го скенирате бар кодот и апликацијата да ви ги даде потребни нутривни информации на храната. Бесплатна е и достапна за iOS и Android.

       

          Calorie Counter by MyNetDiary

Оваа апликација ќе ви помогне со планирање, броење калории, предложување на вежби и подобра исхрана. Може да внесете колку кила сакате да симнете и MyNetDiary ќе ви направи план за вашата дневна исхрана и листа на вежби со кои може да ги постигнете вашите цели. Достапна е за Android и iOS.


           Calorie Counter by FatSecret

Во оваа апликација лесно може да ги внесувате вашите оброци само со сликање. Како и другите, пресметува колку калории треба да внесувате, колку сте потрошиле и уште колку ви остануваат. Во соработка е со FatSecret Professional, од каде може да добиете совети од професионалци.


                               Lose it!


Во Lose it!, освен што внесувате калории, добивате информации за вашиот крвен притисок, за количината на внесени течности и други категории. Лесно се употребува и можете да ги дознавате нутритивните вредности на внесенети оброци. 

                          Noom Coach

За разлика од другите апликации, Noom Coach има тренирани професионалци кои ви помагаат да ги постигнете вашите цели. Секојдневно, апликацијата ви дава план кој треба да го следите и информации за нутритивните вредности на секој од оброците. Има голем број различни програми од кои може да бирате. 
 



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.