x

5 најдобри караоке и lip-sync апликации!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 27 Јануари, 2017 од GSM.mk

Караокето е навистина забавно, а кароке апликациите дозволуваат да ја почувствувате неговата магија од вашиот дом. Но, што ако не ве бива за пеење, а сакате да влезете во чевлите на една поп ѕвезда?

5. Funimate

Funimate е апликација која ви дозволува да снимате музички видеа. Нема голем избор на песни, но можете да ја користите музичката листа од вашиот телефон. Ви дозволува да снимате повеќе клипови и да ги споите во едно и да додавате интересни филтри. Бесплатна е и достапна за iOS и Android.
4. Starmaker

На оваа апликација можете да пеете и тоа да го снимате. Истотака, можете да додавате auto-tune на вашиот глас. Не се секирајте, никој нема да дознае :)
3. Dubsmash

Dubsmash е помалку за пеење, а повеќе за копирање на популарни GIF-ови и мемиња. Можете да преземете речиници од познати филмови, песни или говори (постои и аудио од говорот на Трамп) врз кои можете да зборувате и да се снимате.
2. Triller

На оваа апликација, откако ќе ја одберете песната на која сакате да се снимате, треба тоа да го направите 3 пати. Потоа апликацијата сама ќе ги одбере најдобрите моменти од вашите снимања и ќе ги спои во едно видео. 
1. Musical.ly

Една од најпознатите апликации за lip-sync e Musical.ly. На оваа апликација можете да ги најдете сите најпознати песни, како и реченици од познати филмови, мемиња и сл. Можете да бирате меѓу 5 брзини и доколку сте надарени, може сами да се снимате како пеете.




Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.