x

5 најдобри компактни смартфони за 2017 година!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Ноември, 2017 од GSM.mk

Во 2017-та, најголем дел од телефоните кои беа претставени доаѓаа со огромни дисплеи и познатиот 18:9 сооднос. Но, сепак, беа претставени и неколку покомпактни телефони за оние кои не се фанови на големите екрани.

Да ја погледнеме листата:

1. Galaxy S8

5.8 инчниот дисплеј на Galaxy S8 можеби звучи големо, но, благодарение на 18.5:9 соодносот е прилично компактен. Доста е висок, но, од друга страна, е многу тенок.

2. iPhone 8

Отсега, може да бирате меѓу iPhone 6s, кој доаѓа со отвор за слушалки, но не е воодоотпорен, iPhone 7, кој е водоотпорен и има OIS за камерата, но нема отвор за слушалки, или пак iPhone 8 кој додава стаклен дизајн и безжично полнење кон карактеристиките. 

3. Sony Xperia XZ1 Compact

Се разбира, и Xperia XZ1 Compact се најде на листата, бидејќи буквално има "Compact" во името. Sony е една од ретките компании кои сеуште произведува "мали, но моќни телефони". 

4. Huawei P10

Huawei P10 доаѓа со 5.1 инчен дисплеј и класичниот 16:9 сооднос, но благодарение на тенките рамки е доста практичен. 

5. LG Q6

LG Q6 беше претставен само некое време по LG G6 и затоа го доби името "mini G6". Станува збор за уред од средната класа, со малку послаби перформанси од G6 и практичен дизајн.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.