x

5 најдобри ретро камера апликации за iOS и Android!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 05 Февруари, 2017 од GSM.mk

Денешните телефоните имаат се подобри камери со се поголем квалитет. Но, еве кои апликации може да ви помогнат доколку сте фанови на ретро фотките..

                                            Vintage Retro Camera + VHS


Оваа апликација ви дозволува да додадете различни ефекти на вашите слики и видеа со кои ќе може да ја доловите атмосферата на 60, 70 и 80-те години.  Има над 35 ретро, VHS и слични ефекти. Истотака, можете да снимате видеа со музика кои го доловуваат истото чувство. Оваа апликација е достапна само за Android, но како iOS алтернатива може да ја симнете Retro VHS.

                                                            GLITCH!


Оваа апликација, како што кажува самото име, ви дозволува вашите слики да направите да изгледаат поинтересно и чудно. Има различни ефекти со кои може да постигнете "истрипани" фотки. Како алтернатива за iOS може да ја симнете Glitch Art.

                                                         Glitchr


Слична како претходната, оваа апликација е рај за обожавателите на уметноста. Можете да бирате од низа ефекти кои ќе ви овозможат да правите уметнички фотографии. iOS алтернатива: Glitch Lab.
                                                   Retrica



За Retrica сигурно веќе сте слушнале. Оваа апликација, за разлика од другите, нуди ефекти кои се најпогодни за разубавување на вашите селфи фотографии или портрети. Достапна е и за iOS и за Android и е бесплатна.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.