x

5 совети за лаптопот да ви трае подолго

Категорија: Совети Објавено на 05 Октомври, 2017 од GSM.mk

Лаптопите се чувствителни уреди кои поради недоволно внимание од корисниците може лесно да се оштетат или уништат. За да избегнете вакво сценарио, обрнете внимание на следниве совети.

Не го трескајте

Ова е нејопасно за хард дискот. Освен ако не сте сопственик на уред со SSD диск, внимателно ставајте го лаптопот на вашето биро или маса кога ќе одлучите да работите на него. Чувствителните делови како тврдиот диск лошо реагираат на потреси и ќе потфрлат во најлош можен момент.

Не го затворајте лаптопот како хауба на стара Лада

Екранот на вашиот лаптоп не е неуништлив. Кога го затворате, држете ја средината на рамката, а не краевите. Кога го земате во раце, не го држете за горниот лев или десен агол на екранот. Овие делови се чувствителни на превиткување и притисок.

Не го држете во скут

Доколку работите со лаптопот во скут, прекинете ја оваа пракса и купете специјална подлога. Причината лежи во системот за вентилација, кој лесно може да го затвори облеката или делови од телото. Резултатот е прегреан уред и потенцијално оштетување на чувствителните компоненти.

Држете го подалеку од магнети

Силните магнетни полиња пред сè влијаат на тврдите дискови, а потоа и на екраните.

Не го чистете екранот со вода

Доколку е екранот е нечист, користете крпа од микрофибер и сцеоцијални средства за чистење на екрани. Заборавете на прскање со вода и внимавајте да не го притискате екранот. Станува збор за чувствително парче хардвер кое ќе ви биде благодарно ако го третирате како што треба.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.