x

5 зезнати Услови за користење кои најверојатно не сте ги прочитале (а би требало)

Категорија: Совети Објавено на 11 Јуни, 2017 од GSM.mk

Условите за користење кои се појавуваат пред да влеземе на iTunes се подолги од Белешките на Лајла Грејс, па не е чудо што многумина од нас слепо се согласуваат на сè што ќе се појави на нашите екрани. Ни треба нашиот Facebook и ни треба веднаш.

Но, има некои интересни мали правни заебанции кои треба да ги знаете. Со помош на сајтот Terms of Service; Didn't Read, ископавме некои од заебанциите кои ќе ве натераат да размислите два пати пред да штракнете дека се согласувате. Или не се согласувате. 

Twitter
Имаат право на сите ваши содржини
Буквално, сè што имате твитнато. Без разлика дали го користите Twitter како влијателен твитерџија, експерт, за да го споделувате вашето досадно секојдневие во 140 карактери или да им кажете на сите колку ви фали бившиот или колку ви се онади во #третасмена.

Условите за користење на Twitter јасно велат дека ги задржуваат правата на сè, дури и доколку го деактивирате вапиот профил.

iTunes
Не ја поседувате музиката која ја купувате

Едниот од најдолгите текстови за Услови на користење кој е подолг и од Магбет, го содржи фактот дека без разлика колку пари сте фрснале на песнички од Тејлор Свифт и Ријана, всушност плаќате за правата да ги слушате или гледате материјалите, но немате право на нив.

Facebook
Можат да прават сè што сакаат со вашите фотки и информации

Најголемото страшило на интернетот има неколку детали кои се фино скриени во Условите за користење. Првиот е дека им давате лиценца да ги користат сите ваши фотографии во форма и намена во која тие сакаат (во реклама, на пример). Ја задржуваат лиценцата дури и да го избришете вашиот профил, освен доколку содржината не е избришана од сите други. Facebook исто така го задржува правото да ги употребува вашите податоци без разлика дали е тоа за да ги подобри неговите услуги или да врши контроверзни психолошки студии. Исто така…

Осудените сексуални престапници не смеат да имаат Facebook профил.
Што е океј, сериозно.

Instagram
Им дозволувате да користат или модифицираат сè што ќе објавите
За да го постирате уникатното зајдисонце со фотка пројдена низ Valencia филтер, мора да се согласите дека на Instagram му давате дозвола да ги користи или модифицира вашите фотографии/видеа/аудио на било кој начин на кој што ќе посака. Исто така, се одрекувате од било каква правна постапка против компанијата.

LinkedIn
Не смеете да лажете

Во Условите за користење на LinkedIn има неколку финти, како на пример дека не смеете да лажете или погрешно да ги претставувате вашите сегашни или претходни позиции или квалификации. Што го наметнува прашањето, дали навистина сте нинџа дизајнер?

Не смеете да поканите луѓе кои не ги познавате да и за придружат на вашата мрежа
Па нели тоа е целта на професионалното вмрежување? Абе LinkedIn, чудни сте…

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.