x

6 работи кои не ги знаете за Android!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 05 Август, 2016 од GSM.mk

Android дебитираше во јавноста во септември, 2008-ма година заедно со телефонот HTC Dream/G1. Тоа значи дека популарниот оперативен систем е стар веќе 6 години (и еден месец)! Во негова чест, ви презентираме 6 малку познати факти...

1. Android иницијално беше планиран како оперативен систем за фотоапарати

Google го купи Android во 2005-та година, кога платформата беше open-source решение за мобилни уреди. Сепак, година претходно, Andy Rubin (креаторот на Android) го развиваше како оперативен систем за дигитални камери.

Со текот на времето Android го најде патот до фотоапаратите, како на пример моделот Samsung Galaxy NX.

2. На почетокот, конкурентите не го сфаќаа како сериозна закана

Кога во 2007-ма година Google го најави Android, конкурентите како Symbian, BlackBerry, Palm и Windows Mobile не сметаа дека ќе биде некоја закана. Официјални лица на Symbian изјавиле дека „всушност ова е варијанта на Linux, но е премногу фрагментирана. Linux не може и нема да биде менаџиран на повеќе различни телефони“.

Смешно, нели? :)

3. Android е најбрзо растечкиот оперативен систем, но и технолошки производ

Според податоци од 2013-та година, Android веќе има 1 милијарда корисници за само 5 години, со што е најбрзо растечкиот оперативен систем. За споредба, iOS имаше 700 милиони корисници за 6 години, додека пак Symbian имаше 450 милиони корисници за 11 години.

4. Од трите најголеми конкуренти, Android работи на најмногу и најразновидни уреди

Иако паметните телефони и таблетите се најпопуларните уреди кои работат на Android, овој оперативен систем работи и на многу други производи - паметни часовници, телевизори, дигитални камери, бела техника, паметни наочари, автомобили, играчки конзоли и други.

5. Секој може бесплатно да создава апликации за Android.

За разлика од iOS, каде што морате да платите 99 долари за да бидете програмер, тоа можете бесплатно да го правите за Android. Сепак, за да ги објавите апликациите на Google Play морате да платите еднократно 25 долари за регистрација.

6. Приказната позади логото на AndroidThe story of the Android robot logo

Иконското Android (или Bugdroid) лого е создадено во 2007-ма година, а негов креатор е Ирина Блок, дизајнерка од Сан Франциско која повеќе не работи во Google. Логото требаше да биде едноставно и да вклучува робот, па Ирина најде инспирација од иконите кои ги означуваат машките и женските тоалети.

Секој може да го користи и менува ова лого под Creative Commons Attribution 3.0 лиценцата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.