x

64 проценти од Американците се сопственици на Apple производ!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Октомври, 2017 од GSM.mk

Apple производите се насекаде присутни во Америка: Според новите истражувања, 64 проценти од нив користат најмалку еден Apple производ

Просечното американско семејство има 2.6 Apple производи, според истражувањата на CNBC All-America. Резултатите се добиени со тестирање на 800 луѓе околу Америка.

Ваквата бројка е импресивна, особено поради фактот што постојано расте. Во 2012, кога прв пат биле направени вакви истражувања, изнесувала само 50 проценти. Интересно е што голем дел од бројката на Apple корисници се луѓе со пониски плати, кои одвај може да си ги дозволат. 

Нормално, меѓу богатите, iPhone-от е најпопуларен. 87% од Американците со плата повисока од 100,000 долари користат најмалку еден Apple производ, а во едно такво семејство се користат најмалку 4.7 Apple производи. 

На Западот, домаќинствата користат 3.7 Apple уреди, а на Истокот "само" 2.2 Apple уреди. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.