x

7 работи кои незнаевте дека може да ги прави вашиот iPhone!

Категорија: Совети Објавено на 15 Мај, 2017 од GSM.mk

Составивме листа на 7 кул трикови кои, можеби, не сте знаеле дека вашиот iPhone може да ги прави!

1. Знае каде сте биле

Вашиот iPhone ги знае сите локации кои сте ги посетиле. Одете во Settings, Privacy; Location Services; System Services, скролајте до доле и одберете Frequent locations.

2. Сo Siri може полесно да најдете одредена слика

Уште од времето кога излезе iOS 9, може да ја прашате Siri да ги филтрира вашите слики според локација или датум. На пример, може да кажете “show me photos from 2013 taken in Spain" (слики од 2013 во Шпанија), и ќе ги добиете резултатите.

3. Сo Siri полесно може да одговарате на пораки

Доколку немате време во моментот да прочитате порака, се што треба да и кажете на Siri за да ве потсети подоцна да го направите истото е: “remind you to read this text later”.

4. Зачувајте батерија

Доколку сте при крај со батеријата, вашиот телефон сеуште може да ги исполнува основните функции. Одете во Settings; General; Accessibility и одберете “Grayscale".

5. Користете ја Siri само со глас

Ова можеби веќе го знаете, но за да ја активирате Siri, немора да го држите Home копчето, туку само да кажете Hey Siri во близина на вашиот уред.

6. Полесен пристап до вашите здравствени информации

Поставете Medical ID во Health апликацијата, и на тој начин може да добивате медицински информации на вашиот LockScreen без да го отклучите телефонот. Се што треба е да притиснете Emergency, каде ќе го видите Medical ID копчето.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.