x

7 телефони со најинтересен дизајн во историјата!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јуни, 2017 од GSM.mk

Кои се телефоните со најинтересен дизајн во историјата?

1. Kyocera Echo

Дали знаевте дека телефоните на претвиткување некогаш постоеја? Можеби, не на начинот на кој Samsung планира да ги произведува. Како и да е, Kyocera Echo беше еден од нив. На прв поглед, изгледа на обичен телефон, се додека некој не го отвори. Уредот доаѓаше со втор дисплеј, кој се појавуваше на сличен начин како тастатурите на старите телефони, и им дозволуваше на корисниците да ја "растегнат" сликата на двата екрани. Чуднот дизајн, заедно со слабите перформанси и лошата батерија, предизвикаа телефонот да не биде толку успешен како што се очекуваше.

2. Sony Ericsson Xperia PLAY

Sony сеуште вклучува интересни гејминг функции, како PS4 Remote Play, што ги има речиси во секој Xperia телефон. Но, постоеше период кога компанијата претера со ваквите функции. На пример, кај Sony Ericsson Xperia PLAY. Стануваше збор за телефон посветен на гејмањето, кој се појави во 2011 со свој gamepad. Како Кyocera Echo, уредот доаѓаше со сличен дизајн. За жал, лимитираните достапни игри и високата цена го направија бескорисен. 

3. LG G Flex, LG G Flex 2 и Samsung Galaxy Round


Тука имаме три во едно - флексибилни телефони. Оригиналниот LG G Flex се појави со неверојатна искривеност во својот изглед, и кај дисплејот и кај екранот. Компанијата мораше дури да произведе специјални батерии за него. За разлика од него, LG G Flex се појави во време кога примањето повици беше само мал дел од она за што ги користевме телефоните, па за сите други функции не беше најпрактичен за користење. Samsung Round, пак, имаше сосема различен дизајн. Имено, додека искривеноста кај LG G Flex беше од долната и горната страна, кај Samsung Round се наоѓаше меѓу левата и десна страна. Сеуште не сме сигурни која беше идејата на компанијата.

4. Motorola MPx

Телефоните на отворање беа кул пред неколку години. Но, ниеден не беше покул од Motorla MPx. Уредот се отвараше како и обичните телефони, но имаше и втор начин на отварање, сличен како кај Nintendo 3DS. Доаѓаше со физичка QWERTY тастатура, и реално, не звучеше на толку лоша идеја. За жал, уредот беше повлечен уште пред да биде претставен. 

5. Nokia 3250

Кога зборуваме за телефони кои се виткаа, преклопуваа и отвараа на интересни начини, не може да го пропуштиме Nokia 3250. Телефонот доаѓаше со тело кое се вртеше 360 степени. Тастаурата се вртеше, и од другата страна се наоѓаа други копчиња, стрикно посветени на музиката. Во негово време, селфињата сеуште не постоеја, но доколку беа присутни, Nokia 3250 ќе беше одличен за нив. 


6. Nokia 7280

Nokia не произведе само еден чуден телефон. Всушност, веројатно може да напишеме цела статија само за телефони со интересен дизајн произведени од финската компанија. Еден од нив беше и Nokia 7280. Овој, изгледа на моден додаток, отколку на телефон. Најверојатно, бил произведен од женска перспектива, бидејќи изгледа на нешто што може да го најдете меѓу шминките. Истотака, дисплејот можеше да се користи како мало огледало. Очигледно, неуспехот на телефонот се должи на неговата непрактичност. Доколку сакавте да пишете порака, тоа беше цела филозофија, бидејќи уредот не доаѓаше со никаква тастатура. 

7. HTC Evo 3D

Последно, го имаме HTC Evo 3D. Уредот се појави во 2011 и доаѓаше со две камери од задната страна. За разлика од современите смартфони, каде дуалниот систем се користи за портрети, кај Evo 3D, се користеше за правење на 3D фотографии. Се разбира, не беа толку добри како професионалните 3D слики. Да не зборуваме што му беа потребни околку 6 секунди да направи слика, да ја процесира и да се спреми за правење на друга. За среќа, HTC не продолжи со ваквиот концепт после него. 
Споделете во коментарите, сте биле сопственици на некој од овие телефони? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.