x

90 годишна Јапонка е најстара гејмерка во светот

Категорија: Забава Објавено на 21 Мај, 2020 од GSM.mk

Хамако Мори официјално е признаена за најстара гејмерка во светот. Родена е на 18 февруари 1930 година и има 90 години. Нејзиниот YouTube канал моментално има над 150.000 претплатници.

Хамако почнала да игра видеоигри пред 39 години, се заинтересирала за тоа откако ги видела децата како играат, пишува Guinness World Record.

„Изгледаше толку забавно и мислев дека не е фер само децата да играат. Мислев дека животот ќе ми биде позабавен ако знам да играм. Така почнав на почетокот да играм кога другите не ме гледаа“, призна Хамако која ги чува повеќето конзули и софтвери купени низ годините.

Омилена игра ѝ е Grand Theft Auto V.

„Тоа е како гледање филмови. Најмногу ми се допаѓа бидејќи има ограничувања на возраста, така што децата не можат да го играат“, вели Хамако.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.