x

Apple ќе ги поправа картите на iOS 6 со помош на Foursquare

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 21 Декември, 2012 од Горан Николоски

Според Wall Street Journal, Apple презеле доста радикални мерки за да го подобрат имиџот и квалитетот на нивниот картографски производ, кој стана познат во последниве месеци со неколку сериозни гафови.

Според изворите на Wall Street Journal со мисија да ги среди проблемите е назначен самиот потпретседател на Apple - Еди Кју кој води разговори со Foursquare за интеграција на податоците на локациската услуга.


Во интерес на вистината, тоа може да биде силен потег, бидејќи во некои односи Foursquare има подобра информација од конкуренцијата во однос на Google Maps, Bing Maps и Nokia HERE. Во исто време, Foursquare исто има свои проблеми со конкурентската битка на пазарот и во последно време растот на нејзините нови корисници чувствително се забави, па можеби Apple ќе тропнат на отворена врата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.