x

Samsung Nexus 10 VS. Apple iPad 4

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 07 Декември, 2012 од GSM.mk

Google го објави својот втор таблет, Samsung Nexus 10 со врвни спецификации со цел да го симне iPad 4 од врвот. Тука е целосна споредба помеѓу овие два таблети од сите аспекти

Димензии



Како што можете да видите, Nexus 10 е потенок од iPad за околу 0.5 mm но исто така е поголем во висина и ширина од iPad 4.


Тежина


Nexus 10 е малку полесен од iPad 4, но ова разлика не се осеќа значително.


Поврзување


Двата таблети имаат Wi Fi со Dual Band и Bluetooth со исклучок дека Bluetooth на iPad 4 е бескорисен. Голем плус на iPad е тоа што има 3G / 4G LTE поддршка со microSIM слот, за жал ова го нема кај Nexus 10. Но да не заборавиме дека Nexus 10 поседува dual-side NFC (Near Field Comumnication) , додека пак кај iPad ова опција ја нема.


Екран


Nexus 10 има поголем екран со поголема резолуција и поголема густина на пикселите за разлика од iPad 4 екранот. Исто така Nexus 10 има 4 милиони пиксели за разлика од iPad кој има 3.1 милиони пиксели.

Nexus 10 користи Super AMOLED HD технологија наспроти iPad IPS. Како и да е, Super AMOLED HD технологијата нуди подлабоки бои и поостри слики со повеќе светлина.


Камера


Двата уреди имаат 5MP камера со иста резолуција, исто така и двата снимаат во HD резолуција. Единствена разлика во ова споредба се предните камери каде што Nexus 10 користи 1.9MP камера за разлика од iPad кој користи 1.2MP предна камера.


Меморија


Двата уреди не поддржуват microSD картички,  Apple iPad 4 има 64GB верзија, за разлика од Nexus 10 кој има само 16 / 32GB верзии на пазарот. Според некои најави, Samsung може да издаде 64 GB верзија на почетокот на следната година.


Samsung Nexus 10 работи со Exynos 5 Dual - core 1.7GHz процесор и графички процесор PowerSVX T-604 GPU. iPad работи со Самсунговиот процесор A6X Dual - core 1.4GHz и Quad - core графика PowerVR SGX 554MP4. Според повеќето тестови iPad покажува далеку подобри графички перформанси.


RAM меморија


Според нас RAM меморијата е еден од најбитните фактори за перформанси. Тука без размислување можеме да кажеме дека Nexus 10 со 2GB RAM меморија е далеку подобар со перформанси од iPad кој има 1GB RAM меморија.


Батерија


Ipad 4 доаѓа со батерија од 11,666 mAh додека пак Nexus 10 доаѓа со батерија од  9,000 mAh. На прв поглед ова изгледа дека е голема разлика но ако земеме во предвид дека Nexus 10 не користи 3G/4G и дека sAMOLED екраните трошат полаку енергија за разлика од IPS, можеме да заклучиме дека и нема некоја голема разлика.


Jelly Bean 4.2 vs iOS 6


Nexus 10 доаѓа со надградената верзија на Android Jellybean 4.2. Тоа е релативно мала надградба која содржи некои нови функции како на пример новата опција за сликање Photo Sphere потоа Google Now и тука е новата тастатура со Swype команди.

Според нас, најголемата слабост на Android таблетите е помалиот број на апликации наменети стрикно за таблети, за разлика од iOS App Store кој поседува повеќе од 275.000 специфични апликации за iPad таблетите. Но сепак ова не треба да Ве обесхрабрува да не го купите Nexus 10, напротив Android маркетот секој ден се повеќе и повеќе се збогатува со нови апликации.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.