x

Acer Swift 7 е најтенкиот лаптоп на светот!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 07 Септември, 2016 од GSM.mk

Acer во Берлин претстави неколку нови лаптопи, меѓутоа екстремно тенкиот Swift 7 и гејмерскиот Predator со закривен екран од 21 инч се најинтересните.

Swift 7 има дебелина од само 9,98 милиметри и се искачи на врвот на најтенките лаптопи во светот. Нивниот 13,3 инчен лаптоп е првиот кој е потенок од еден сантиметар. Моделот има атрактивен дизајн од алуминиум и сосема солидна конфигурација со IPS екран со Full HD резолуција.

Во внатрешноста има i5 процесор од 7-та генерација, како и 8 GB RAM-a и 256 GB SSD. Се поврзува со два USB-C портови, а Acer ветува до 9 часа дабота со едно полнење. Тежок е 1,1 килограм, а продажбата ќе стартува од октомври за 1.299 евра.

За гејмерите компанијата го претстави моделот Predator 21X, кој сигурно е еден од највпечатливите лаптопи поради големиот 21 инчен заоблен екран со резолуција од 2560x1080.

Лаптопот тежок 8 килограми има две GeForce GTX 1080 графички картички, механичка тастатура, најновите Intel процесори, како и 4,2 канален аудио систем. За се тоа да функционира како што треба се грижат дури 5 вентилатори, а засега нема информации за тоа колку ќе чини и кога ќе почне продажбата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.