x

Ако го имате овој баркод скенер, веднаш избришете го

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 24 Февруари, 2021 од GSM.mk

Ако забележите дека вашиот Android телефон работи побавно во последно време, тоа може да се должи на некои од апликациите што ги имате преземено.

Апликациите со малициозен софтвер постојано се обидуваат да ја загрозат безбедноста на корисникот, а најнова ваква закана е апликацијата за скенирање баркодови Barcode Scanner на Lavabird LTD. Според порталот MalwareBytes, токму оваа апликација им зададе главоболки на многу луѓе по последното ажурирање.

Првите проблеми започнаа кога корисниците објавија дека баркод скенерот (што има повеќе од 10 милиони преземања) сам отвора реклами во интернет прелистувач.

Ова сепак не е уште еден пример за агресивно рекламирање, но при ажурирањето е додаден малициозен код, што го направи уште подобро скриен.

Иако скенерот за баркодови е отстранет од Google Play Store, сепак уште постои веројатност дека го имате во телефонот и ако е така, треба веднаш да го избришете. Покрај оваа апликација, паметно е да ги избришете сите други што не ги користите толку често, бидејќи кога ќе се ажурираат, може да се појават истите проблеми.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.