x

Alcatel 995

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 03 Ноември, 2012 од GSM.mk

За малку пари сакате добар телефон? Ви го претставуваме новиот алкател 995

Последните години компанијата Алкател е фокусирана на купувачите кои бараат добар телефон за малку пари, токму за таа цел Алкател го лансираа моделот 995.

Моделот 995 нема  некои инзвонредни карактеристики, но сепак ќе ви ги заврши сите основни работи кои ги очекувате од еден андроид телефон. Воглавно овој модел е наменет за ученици и за деца затоа што не е премногу скап и нуди задоволителни перформанси.  Значи доколку имате ограничен буџет нема да направите грешка ако би го избрале овој модел.

Дизајн и изработка

Телефонот нема некој дизајн кој досега не е виден, што значи припаѓа на телефоните со така наречен ‘’цигла’’ дизајн. Дизајнот е правоаголен со заболени ивици, оквирот е изработен од пластика а подсеќа како да  е изработен од метал. На долната страна се наоѓаат четири навигациони копчиња, додека на горната страна се наоѓа авучникот и предната камера.

Димензиите на телефонот се 128 x 68 x 9.8 mm а тежината му изнесува 122 грама.Според димензиите овај телефон во поголема рака би лежел инзвонредно за разлика на човек со помала рака. Но сепак ова не би му пречело на никого затоа што на пазарот се појавуваат се поголеми и поголеми модели. На горната лева страна се наоѓа копчето за контрола на звукот, а на долната страна се наоѓа MicroUsb приклучок. Изненадувачко е тоа што на самото дно на телефонот се наоѓа mini HDMI приклучок кој ретко се забележува кај моделите од оваа класа. На горната страна се наоѓа 3,5мм приклучок за слушалки и копчето за уклучување/исклучување на телефонот.На задната страна се наоѓа 5MP камера, блиц и звучник.


Екран

Големината на екранот изнесува 4.3’’(инчи) со резолуција 800 x 480 пиксели. Типот на екранот е ТFT кој не е совршен, но аглите на видливост се доста солидни. При сончева светлина информациите на дисплејот се доста читливи. Единствено овој дисплеј ќе изгледа лошо само во очите на корисниците кои се навикнати да користат далеку поскапи телефони. Но земајќи ја во пред цената на овај модел дисплејот е доста солиден.              

Хардвер

Телефонот користи Qualcomm процесор и тоа МСМ8255Т кој работи на 1.4 ghz и поседува 512mb системска меморија(RAM). Во текот на нормална работа процесорот одлично се справува и со повеќе апликации истовремено, исто така и при играње на игри од типот на Backstab процесорот одлично се справува со што нема никакво кочење при играње.

Телефонот поседува 2 GB внатрешна меморија од која корисникот може да користи 800 MB.Компатибилна мемориска картичка за овој телефон е microSD со капацитет до 32GB. Добра карактеристика е тоа што картичката може да ја замените и при работа на телефонот но со претходно извадено задно капаче.


Софтвер

Alcatel 995 доаѓа со андроид v2.3 (Gingerbread) кој може да се надгради во v4.0.4 (icecream sandwich).


Камера

Главната камера е со резолуција од 5 MP ,која поседува блиц и автоматски фокус. Камерата не е нешто брза но квалитетот на сликите е доста солиден. Во секој случај може да ги видите подолу дадените слики и сами да одлучите:


 

 


Батерија

Алкател 995 користи Li-on батерија со капацитет од 1500 mAh, според производителот тоа би било 360 часа во GSM мрежа (288 часа во 3G  мрежа) или до 14 часа разговори (односно 7 во 3G мрежа). За целосно полнење на батеријата потребни се  2 часа. Според наше мислење батеријата би траела 1 ден за оние корисисници кои се многу активни на својот мобилен телефон, или 2 дена за оние корисници кои го користат просечно својот мобилен телефон.


Поврзување

Телефонот ги подржува следните поврзувања:

- Bluetooth  верзија 2.1

- USB 2.0

- Wi Fi подржан е 802.11 b/g

Предности

Доколку вашиот буџет е ограничен ова е вистинскиот телефон за вас,затоа што за цената по која моментално се продава ова е еден од најдобрите телефони во својата класа и поседува се што треба да има еден паметен телефон.

Недостатоци

Имајќи ја во предвид цената на телефонот според нас нема никакви недостатоци.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.