x

Alcatel со нов, 17 инчен, таблет!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 10 Ноември, 2016 од GSM.mk

TCL, кинеската компанија во чија сопственост е Alcatel, го пушти во продажба својот нов таблет Xess во Америка!

Според TCL, Xess содржи JBL аудио и дополнителна мобилна камера. Огромниот 17.3 инчен дисплеј подржува full HD (1080p) резолуција. Таблетот работи на 1.5GHz octa-core MediaTek процесор, 3GB RAM и 64GB меморија. која може да биде проширена.

Xess доаѓа со JBL звучници за одлично аудио искуство. За жал, уредот го содржи стариот Android 5.1 Lollipop оперативен систем, и најверојатно нема да добие update во брзо време.

Како и да е, нема ништо исклучително за таблетот, па цената од 500 долари можеби е малку висока за тоа што го нуди.


Погледнете го официјалното видео за новиот таблет: 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.