x

Alexa vs. Siri vs. Google Assistant vs Cortana: Siri на последно место во тестирањата против други виртуелни асистенти

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Февруари, 2018 од GSM.mk

Паметните звучници се изработени од звучник и виртуелен асистент, а Apple конечно го претстави својот паметн звучник - HomePod. Веднаш по претставувањето, решивме да споредиме 4 виртуелни асистенти: Siri, Alexa, Google асистентот и Cortana.

Во извештајот објавен од од поранешниот аналитичар на Piper Jaffray, Gene Munster, беше откриено дека горенаведените асистенти биле тестирани во повеќе од 782 мини тестови и испрашувања. Siri, која се наоѓа во HomePod паметниот звучник на Apple, одговорила на 52.3% од прашањата точно. За жал, со таквиот резултат се најде на последното место од листата. Веднаш над Siri, со 57% точно одговорени прашања, се најде Cortana на Microsoft. Alexa, асистентот на Amazon, одговори точно на 64% од прашањата и го зафати второто место. Тоа значи дека Google Assistant се најде на првото место, со 81% точно одговорени прашања.

Munster посочи дека дел од проблемот со Siri е што на HomePod, виртуелниот асистент на Apple неможе да работи на задачи или да одговори прашања поврзани со навигација, календар, е-пошта и повици. 

Аналитичарот вели дека Siri разбрала 99.4% од прашања, и дека и покрај тоа што одоговорила на најмалку од нив, ги надминала очекувањата. Тој додаде дека HomePod има подобри способности во слушање на прашањата и дека Siri има почовечки глас, за разлика од гласот кај iPhone уредите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.