x

Amazon подготвува свој мобилен телефон

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Март, 2013 од GSM.mk

Уште во почетокот на 2011-та година, кога Amazon го произведе својот прв таблет, започнаа да се шират гласини дека компанијата ќе си ја испроба среќата со дизајнирање на сопствен мобилен телефон..

Според извори блиски на компанијата, телефонот на Amazon ќе поседува голем 4,7 инчен екран, наместо претходно планираниот 4,3 инчен екран. Првичните шпекулации беа дека компанијата ќе произведе телефон со големина на iPhone 4, но компанијата се премислила поради трендот на зголемување на екраните на мобилни телефони, предводен од Samsung и Galaxy S серијата.

Исто така се зголемуваат шпекулациите за хардверските компоненти во телефонот. Наводно, Amazon работи напорно на подобрување на спецификациите, бидејќи смета дека телефонот нема да биде доволно моќен кога ќе излезе во продажба. Реално е да очекуваме quad-core процесор и барем 1 GB RAM. Знаејќи ја природата на компанијата, екранот веројатно ќе биде опремен со специјален мод за читање на книги.

Телефонот би требало да биде достапен за 2 до 3 месеци, односно ова лето.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.