x

Американски тинејџер победи на „Fortnite“ и стана милионер

Категорија: Забава Објавено на 07 Септември, 2019 од GSM.mk

Американски тинејџер освои 3 милиони долари и стана светски шампион во играње на „Fortnite“, пренесува BBC. Станува збор за најголемата награда во историјата на електронските спортови, со 30 милиони долари поделени меѓу победниците.

16-годишниот Кајл Герсорф е победник на натпреварот во Њујорк и добитник на 3 милиони долари. На второто место е Џејден Ешман, 15-годишно момче од Лондон, а на третото место е уште еден Британец, 14-годишниот Кајл Џексон.

На светското првенство во „Fortnite“ се натпреваруваа повеќе од 30 земји, 70 играчи беа од САД, 14 од Франција, 11 од Обединетото Кралство. Наградниот фонд изнесуваше 30 милиони долари, а сите финалисти добија по 50.000 долари.

„Fortnite“ е една од најпопуларните видеоигри во светот, а според процените, ја играат околу 250 милиони луѓе.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.