x

Аналитичарите предвидуваат разочарувачка продажба на iPhone 11 серијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јули, 2019 од GSM.mk

iPhone 11 серијата ќе биде претставена за само два месеци, но аналитичарите не гледаат светла иднина и голема популарност на новите уреди на Apple..

Од iPhone 11 серијата очекуваме да има мали промени во дизајнот, поголема батерија и безжично полнење. Слично како Mate 20 Pro и Galaxy S10, iPhone 11 ќе доаѓа со функција која ќе овозможува самиот смартфон да биде користен за полнење на други Apple уреди, како AirPods или Apple Watch. 

Друга промена, која е поочигледна ќе биде на задниот дел. Овој пат, iPhone уредите ќе имаат нов систем камери кој ќе биде сместен во горниот лев агол и ќе биде во форма на квадрат. На него ќе се наоѓаат три камери. Ваквиот дизајн е контраверзен, бидејќи голем дел од фановите сметаат дека не е привлечен. 

За жал, iPhone серијата претставена во 2018 година немаше голема продажба, а аналитичарите сметаат дека истото ќе се случи и со новите уреди. Според аналитичарите, новите модели нема да доаѓаат со големи промени и затоа нема да бидат толку привлечни за корисниците. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.