x

Android 10 ќе ги известува корисниците доколку полначот се прегрее или расипе!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 06 Септември, 2019 од GSM.mk

Новата Android верзија беше претставена пред неколку дена и доаѓа со голем број нови и корисни функции..

Android 10 има низа нови функции - dark mode, поддршка за 5G и уреди на преклопување и многу повеќе. Но, покрај овие поголеми функции, новиот оперативен систем има неколку мали и скриени додатоци кои може да бидат од голема помош.

Најпрво, постои "Contamination" детекција - оваа функција ќе го исклучи USB приклучокот доколку има можност да е расипан или нечист.  Android 10 автоматски ќе покаже нотификација на екранот на корисниците известувајќи ги за проблемот. Оперативниот систем ќе го исклучи приклучокот и повторно ќе го овозможи кога ќе биде безбедно.

Android 10 sounds the alarm if the charging port is overheating or dirty

Android 10 sounds the alarm if the charging port is overheating or dirty

Други функција, повторно поврзана со USB приклучокот, е заштита од прегревање. Доколку системот забележи висока температура кај приклучокот или полначот, повторно ќе се појави нотификација известувајќи го сопственикот за проблемот и советувајќи отстранување на уредот од полначот се додека температурата не се нормализира. Како "критична состојба" се смета онаа меѓу 60 и 65 целзиуосови степени.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.