x

Android 10 со нова функција која спасува животи!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 28 Август, 2019 од GSM.mk

Новиот оперативен систем на Android нуди неколку промени и нови функции, а дел од нив се посветени на здравјето и сигурноста на корисниците...

Една поголема промена е што комапнијата ќе почне да користи нов начин на именување. Android 10 истотака ќе доаѓа и со низа други подобрувања, како што е поддршка за уредите на преклопување, Dark Mode, Smart Replies и Suggestions.

Иако Google ги има споделено голем дел од новостите кои може да ги очекуваме, има една која сеуште не е официјално најавена, а може буквално да спасува животи.

Android 10 aims to save lives with a new feature, but it may be exclusive to the Pixel 4

Со Android Q Beta 3 има скриена "Safety Hub" апликација која може да детекира сообраќајна несреќа. Сега за сега, оваа апликација е екслузивна за Pixel уредите, но ќе биде достапна и на глобално ниво. Сеуште не е познато како точно ќе реагира апликацијата, но најверојатно една од функциите кои ќе ги има е да исконтактира одреден број кој кај корисникот е ставен во случај на опасност.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.