x

Android 7.0 Nougat сега достапен и за Galaxy A3 (2016)!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 10 Јуни, 2017 од GSM.mk

Очигледно, A3 ќе биде прв од Galaxy A серијата кој ќе го добие новиот update..

Голем број од сопствениците на Galaxy A3 (2016) во Германија и Унгарија потврдија дека успешно го симнале update-тот на својот уред. Android 7.0 Nougat се очекува наскоро да го добијат и корсниците во Европа, најверојатно во следните неколку недели. 

Запомнете дека update-тот е околу 950MB, па осигурајте се дека имате доволно место пред да го инсталирате. Покрај очекуваните подобрувања кои се појавуваат со секој нов update, останатите промени не се познати. Истотака, уште два уреди од серијата се очекува наскоро да го добијат, Galaxy A5 и Galaxy A7.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.