x

Android 8.0 пристигнува во овој квартал

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 07 Јули, 2017 од GSM.mk

Месецов, Google ќе го издаде последниот Android 8.0 Developer Preview, a финалната верзија е планирана за третиот квартал од годинава.

Google малку ја апдејтираше својата Developer Android веб страница со тајмлајн на кој сега може да се види дека овој месец излегува четвртата и последна Developer Preview верзија на Android 8.0, додека доаѓањето на мобилниот оперативен систем на пазарот е планирано за третиот квартал од годинава.

Ова значи дека можеби уште наредниот месец ќе добиете Android 8.0 на вашиот телефон, а според повеќето досегашни шпекулации, веројатно ќе се вика Oreo, иако ова официјално не е потврдено.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.