x

Android апликација која ќе ве излечи од зависноста од смартфони

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Април, 2018 од GSM.mk

Проверувањето на нова нотификација на Facebook или нова слика на Instagram е забавно, сѐ додека тоа не премине во зависност. Но, една бесплатна Android апликација може да ви помогне да ја победите зависноста и тоа на многу брутален начин.

Lock Me Out нуди неколку различни опции кои ќе ви помогнат да ја намалите употребата на вашиот смартфон.

Кога ќе ја отворите апликацијата, првото нешто што ќе го видите е неколку редови со големи црвени копчиња кои ќе ви понудат да го заклучите телефонот на периоди од 15 минути до 3 часа. Откако ќе одберете некоја од опциите, останувате заклучени на lock screen. Ќе можете да одговорите на повик, да прочитате нотификации и да ја користите камерата, но освен тоа, телефонот ќе биде бескорисен.

Lock Me Out има многу повеќе опции, како на пример, можете да одберете да го заклучите телефонот до закажано време од денот, можете да закажете заклучување, па дури можете дури и да направите неделна шема на заклучување. Ако ги пробате сите опции, ќе видите дека апликацијата ви овозможува телефонот автоматски да се заклучи ако екранот ви е вклучен повеќе од 5 часа дневно, или пак ако го отклучите телефонот повеќе од 12 пати во еден час.

Сите овие заклучувања можеби изгледаат драстично и брутално, но ако сте големи зависници од смартфон, само такви измени на користење можат да ви помогнат да ја надминете преголемата желба од скролање по социјалните мрежи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.