x

Android корисниците треба да ја избришат оваа апликација веднаш!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 02 Ноември, 2019 од GSM.mk

Откако Google избриша голем број апликации од Play Store кои се сметаа за опасни, подоцна се појави и вирус на оперативниот систем кој беше еднакво опасен, а сега и нова апликација која може да им наштети на корисниците...

Станува збор за апликација во Play Store наречена ai.type. Оваа апликација е симната повеќе од 40 милиони пати. Една од безбедносните компании откри дека ai.type може да прави финаниски транскации за купување на премиум содржини без дозвола на корисниците. Освен ваквите трансакции, апликацијата има скриени реклами во позадина на кој корисниците може несвесно да кликнат - на тој начин компаниите позади овие реклами прават профит. 

Безбедносната фирма Upstream откри дека досега оваа апликација има предизвикано проблеми во 13 земји, вклучувајќи ги Египет и Бразил како најоштетени. Истовремено, откако бил откриен проблемот оваа фирма успеала да спречи 14 милиони сомнителни трансакции поврзани со ai.type. Овие транскации биле направени од само 110 000 уреди кои ја имале инсталирано апликацијата. Доколку не биле блокирани, овие трансакции можеле да ги чинат Android корисниците околу 18 милиони долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.