x

Android O: Датум и достапност!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 24 Јули, 2017 од GSM.mk

Android O наскоро треба да биде достапен за Android уредите. Од претходно искуство, сите уреди нема да го добијат уште од прв ден. Pixel сиугрно ќе биде меѓу првите, но што е со другите?

Во најголем дел, update-тот ќе донесе промени во перформансите на оперативниот систем. Нотификациите ќе станат подобри, а Settings менито ќе добие нов дизајн. Тоа се само дел од подобреностите. Но, поважно, кога ќе биде претставен?

Android O се очекува да биде претставен некаде при средината на август. Уште поважно, кои уреди ќе го добијат? Да погледнеме:

  • Google Pixel, Pixel XL
  • Nexus 6P, Nexus 5X
  • Galaxy S8, Galaxy S8+
  • Galaxy Note 8
  • Galaxy S7, Galaxy S7 edge
  • Galaxy S6, Galaxy S6 edge, Galaxy S6 edge+
  • LG V30
  • LG G6
  • LG V20
  • LG G5
  • HTC U11
  • HTC 10
  • Sony Xperia XZ Premium
  • Sony Xperia XZs
  • OnePlus 5
  • OnePlus 3 / OnePlus 3T
Што се однесува на Nokia брендот, HMD Global вети дека сите уреди претставени досега (Nokia 3,5 и 6) ќе го добијат Android O. За жал, сеуште не се знае кога било кој од смартфоните точно ќе го добие.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.