x

Android O доаѓа со функција која ќе ја подобри вашата батерија!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 15 Ноември, 2017 од GSM.mk

Google веќе некое време се обидува да ја подобри батеријата на Android уредите. Со новиот Android 0 доаѓа функција која ќе помогне во тоа:

Со новиот Android O, Google го подобри settings менито на батеријата за полесна прегледност на апликациите кои ја цедат батеријата. Во моментов, може да видите која апликација колку проценти троши, но Android O ќе помогне уште полесно да го најдете "виновникот".

Сега, ќе може да видите колку време сте потрошиле на секоја апликација. На тој начин, ќе може да видите дали штетата ја прави сама апликација кога работи во позадина, или сепак проблемот е во вас и преголемото користење. Од голема важност е да знаете кои апликации сами ја прават штетата, а кои се само користени почесто. На тој начин, полесно ќе ги детектирате штетните апликации и ќе се ослободите од нив.

Останува да видиме од колкава помош навистина ќе биде функцијата.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.