x

Анкета: Колку iPhone корисници планираат да го променат својот смартфон со нов?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Март, 2018 од GSM.mk

Според новите информации, Apple оваа година планира да претстави три нови iPhone уред. Но, колку од корисниците навистина би го смениле својот стар iPhone смартфон со нов?

Како што рековме, Apple планира да претстави три нови iPhone модели оваа година - Plus верзија на iPhone X, подобрена верзија од iPhone X и нов 6.1 инчен iPhone, кој најверојатно ќе биде "евтината" верзија на Apple. Според анкета направена од компанијата Loup Ventures, околу една петина од iPhone корисниците би го промениле својот стар уред со еден од ненајавените модели. 

Анкетата била направена во Америка и биле испрашувани 511 лица. Но, само 226 од нив биле iPhone корисници и долните информации се базирани на нивните одговори. 

Според анкетата, 42% од iPhone корисниците планираат да купат нов смартфон оваа година. 22% планираат да се подноват со еден од новите модели кои ќе бидат претставени оваа есен. Ваквите информации се слични како оние во март, 2017 година, кога беше направена иста анкета. Тогаш, 23% изјавиле дека ќе се подноват со новите модели кои беа претставени минатата година. Од друга страна, 20% од корисниците планираат да го купат iPhone 8 или iPhone X. 

Most of the users, looking to upgrade their iPhone, will choose this year's model, according to the survey

The % of users who plan to get the newest iPhone hasn't changed that much

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.