x

Апдејтот Euro 2020 за PES ќе стигне во јуни

Категорија: Забава Објавено на 21 Мај, 2020 од GSM.mk

Официјално е потврдено дека апдејтот Euro 2020 за популарната фудбалска симулација Pro Evolution Soccer (PES) ќе стигне на 4 јуни.

Откако бројни спортски настани беа одложени поради пандемијата со коронавирус, фановите се свртеа кон е-спортот, кој сепак не беше поштеден од негативното влијание.

Konami вети дека на 30 април ќе понуди бесплатен Euro 2020 апдејт за  eFootball PES 2020, но тоа беше одложено по соопштението дека Европското фудбалско првенство ќе биде одложено за догодина. Меѓутоа, сега од Konami стигна нова информација – има промени во апдејтот и ќе биде достапен на 4 јуни за PlayStation 4, Xbox One и PC.

Апдејтите и понатаму ќе имаат 55 репрезентации и детално ќе бидат изработени стадионите Вембли и Санкт Петербург. Официјалната топка за финалето на Еуро исто така ќе биде достапна од 4 јуни.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.