x

Апликација со која мажите може да ги следат своите жени е хит во Саудиска Арабија

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Мај, 2019 од GSM.mk

Кога станува збор за бизарни новитети од IT светот, Google и Apple неодамна пуштија во продажба апликација што им овозможува на мажите во Саудиска Арабија да ги следат своите жени.

На iTunes и Google Play на корисниците им се нуди новата апликација наречена Absher, поттикната од владата на Саудиска Арабија со цел да се спречат жените да заминат од земјата.

Како апликација, Absher им овозможува на луѓето во Саудиска Арабија, особено на мажите, да го следат и контролираат движењето на жените, што е во согласност со законите во земјата што предвидуваат дека жената не смее да патува без машка придружба, односно дека не смее да биде без брат, татко или сопруг, кога излегува во јавност и патува.

На жените во Саудиска Арабија и многу од земјите во регионот не им е дозволено да патуваат сами, бидејќи според тамошните верски закони жените се подредени на одлуките на мажите.

Апликацијата се покажа како вистински хит -  од првото појавување во продавниците iTunes и Google Play, Absher била преземена повеќе од 1 милион пати, објави Big League Politics.

Google и Apple наидоа на остри критики од јавноста за создавање и пуштање во употреба на оваа апликација која „ја помага мизогинијата“ и „поттикнува родов апартхејд“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.