x

Апликација за iPhone 7 Plus овозможува да ја копирате Portrait Lighting позадината од iPhone 8 и iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Март, 2018 од GSM.mk

Оние кои имаат iPhone 7 Plus можеби не сакаат да се подноват со новиот iPhone 8 или iPhone X, но сакаат да преземат некои од функциите со кои доаѓа - оваа апликација ќе ви помогне во таа цел:

Со Portrait Lighting, корисниците може да креираат одреден ефект на длабочина во позадината, вклучувајќи и црна позадина која целосно ја покрива локацијата на која се наоѓате. Досега, iPhone 7 Plus корисниците мораа да користат трикови за нивните уреди да ја имаат оваа функција. 

Отсега, апликацијата Focos, која веќе подолго време е достапна во App Store, додаде нова функција наречена "Black Portrait" која дозволува оние со iPhone 7 Plus да ги користат истите Portrait Lighting опции кои ги има на iPhone 8 Plus и iPhone X. 

Focos е бесплатна апликација која бара iPhone со дуален систем камери за користење на Black Portrait опцијата. Тоа значи дека е достапна за iPhone 7 Plus, iPhone 8 Plus и iPhone X. Сите останати функции во апликацијата може да ги користат оние со iPhone 5s и понови модели кои работат на iOS 11.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.