x

Apple: 81 процент од iPhone уредите работат на iOS 13!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 21 Јуни, 2020 од GSM.mk

Apple постираше неколку нови информации на својата веб-страна кои покажуваат колкав процент од корисниците работат на најновиот iOS:

Последните бројки во април покажуваат дека само 8.2% од Android телефоните работат на најновиот OS, Android 10. Новата Android 11 верзија ќе биде претставена за помалку од три месеци.

Според новите информации, има голема разлика меѓу iOS и Android адаптацијата. 92% од сите iPhone уреди претставени во последните 4 години работат на iOS 13. 7% работат на iOS 12 и 2% работат на iOS 11. Истовремено, 81% од сите активни iPhone уреди имаат инсталирано iOS 13, додека 13% работат на iOS 12 и 6% користат iOS 11.

81% of all iOS users run iOS 13 - Apple says 81% of iPhones are running iOS 13

Минатата година, Apple претстави и посебен оперативен систем за iPad, наречен iPadOS. 93% од Apple таблетите претставени во последните 4 години имаат инсталирано iPadOS. 5% од нив имаат iOS 12 и само 1% имаат iOS 11. Од сите активни iPad единици, 73% работат на iPadOS, 16% зависат на iOS 12 и 11% на  iOS 11

81% of active iOS users are running iOS 13 - Apple says 81% of iPhones are running iOS 13


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.