x

Apple бесплатно ќе менува Smart Battery Case батерии за iPhone!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јануари, 2020 од GSM.mk

Apple реши бесплатно да менува маски за iPhone XS, XS Max и XR уредите кои имаат проблеми..

Станува збор за маски кои биле произведени во периодот од јануари до октомври 2019-та година. Овие маски започнаа да имаат проблеми кај голем дел од корисниците и затоа компанијата сподели дека планира бесплатно да ги замени. Дел од проблемите вклучуваат брзо трошење на батерија, подолго време потребно за полнење и слично.

Корисниците веднаш започнаа да се жалат на социјалните мрежи, а компанијата одговори со оваа програма за бесплатна промена. Се фокусира само на Smart Battery Case единици направени за iPhone XS, XS Max и XR. Други батерии, како оние за iPhone 11 или iPhone 11 Pro не може да бидат заменети. 

Цената на овие маски е 129 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.