x

Apple би можел да претстави iPad mini Pro

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 06 Октомври, 2016 од GSM.mk

Продажбата на Apple iPad не е како во минатото, а откако се појавија 12,9 и 9,7 инчниот iPad Pro, јасно е дека компанијата ја бара иднината на овие модели меѓу професионалците.

Сега се појавија гласини дека Apple планира да произведе iPad Mini Pro со 7,9 инчен екран, како и дека 9,7-инчниот iPad Pro ќе биде заменет со нешто поголемиот 10,1 инчен модел.

Apple iPad mini Pro би ги имал сите опции што би го направиле про таблет, вклучувајќи го и True Tone екранот што беше претставен со 9,7 инчниот модел, Smart Connector од страната за магнетно поврзување со приклучоци како тастатурата, нови стерео звучници, подобрена камера со 12 мегапиксели со True Tone блиц и четири нови можности за микрофонот.

Последниот iPad mini беше претставен во 2015 година, а тоа беше моделот iPad mini 4. Планот за нов модел со поголем екран ќе му овозможи на Apple поголема резолуција како и повеќе простор за работа.

Подобрувањата на Мini Pro верзијата ќе бидат имплементирани и во 12,9 инчниот iPad Pro. Apple iPad Mini Pro со 7,9 инчен екран би требало да се појави на пазарот во текот на 2017 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.