x

Apple го купи Shazam за 400 милиони долари

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Октомври, 2018 од GSM.mk

Американската компанија Apple објави дека и официјално е завршено преземањето на популарната апликација за препознавање на музика, Shazam.

Купувањето на Shazam чинеше цели 400 милиони долари, но со купувањето на оваа апликација дејноста на Apple станува поголема и сега може да се фокусира на проширување на влијанието, слично како што направи Facebook со Instagram.

Оваа аквизиција беше најавена уште одамна, поточно во декември минатата година, но се чекаше за официјално одобрение од антитрустовиот регулатор на Европската унија бидејќи Shazam е основан во Велика Британија. Како што најавија од компанијата, Apple ќе го претвори Shazam во апликација за iOS и Android и ќе ги отстрани рекламите од неа.

„Apple и Shazam имаат долга заедничка историја. Shazam беше една од првите апликации кои беа достапни за App Store, за потоа да стане омилената апликација на љубителите на музика“, рече Оливер Шусер, потпретседател на Apple Music.

Апликацијата Shazam досега е преземена повеќе од милијарда пати ширум светот, а корисниците ја користат за да идентификуваат песни 20 милиони пати секој ден.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.